Шенаси Мислани, познат како Шенки Версаче, неговиот брат Мирвет Мислани, како и Абдула Садики и Акиф Мемиши од синоќа се во Шутка како дел од групата Беланоца/Барон, објави порталот 24/7. Со разбивањето на криминалниот клан од Арачиново, се откри кој го нарачал филмското убиство во Шиша бар и кој стои зад уште шест ликвидации извршени во последните четири години.
Убиствата ги извршувал кланот на Фатљум Ајети-Тоте, кој и од затвор го раководел нарко-картелот и ги нарачувал елиминациите на противниците.