Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за убиство, убиство во обид и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинтиелство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на кое му се става на товар дека ги сторил кривичните дела – Убиство по член 123 став 2 точка 4, Убиство по член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19 (во обид), како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска став 1 од Кривичниот законик.