Синоќа во 21.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Нерези, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на 72-годишниот И.М. од Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). „Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, додека, неговиот син Н.М.(42) од Скопје, поради вдишување на чад, бил пренесен во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ Скопје за укажување помош“, наведено е во билтенот.
На 09.02.2025 во 21.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Нерези, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на И.М.(72) од Скопје.