Жител на Гевгелија и странец од Хрватска се фатени денеска на велешката патарина Сопот со полн гепек дрога, соопшти МВР и објави видео.
Денеска (02.03.2025) од страна на полициски службеници од БЈБ при МВР на наплатна рампа Сопот, велешко, при преглед на патничко возило “поло” со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.А. од Гевгелија и сопатник М.Ж. од Р. Хрватска, биле пронајдени две торби во кои имало вкупно 40 пакувања со растителна материја.