Дваесет и шестгодишен скопјанец е приваден откако ноќеска во Скопје управувајќи патничко возило „мицубиши аутлендер“ удрил во 78-годишен велосипедист, по што тој починал на местото на несреќата.
Денеска (05.03.2025) во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.В.(26) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Б.К.(78) од Скопје.