Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
22
46.18
33.95
3.01/2.11
22.00
10.65
0.48
1958.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 22
19 ■ 0.99/0.01 ■ 3 ■ 881.8
Best clustering variants
19 0.99/0.01 3 881.8
Netpress

Како што беше соопштено, судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје синоќа им определи мерка притвор во траење од 30 дена на бизнисменот Ратко Капушевски и на уште две лица опфатени со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, а на сопственикот на „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски му одреди куќен притвор.

„Во образложението на Решението е истакнато дека судијата на претходна постапка при донесување на одлуката ги имал предвид околностите истакнати во предлогот на обвинителството, но во исто време ги имал предвид и субјективните околности што се на страна на осомничениот, односно дека истиот со одлука на Основен граѓански суд Скопје е старател на неговите четири деца, од кои три се малолетни, дека има оформени цврсти врски со државата и сопствена фирма со повеќе вработени, како и дека неговата здравствена состојба е нарушена за што доставил документација“, се наведува во соопштението од Обвинителството. Netpress

19:15 h 14-Mar-2025
  • Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донесе одлука со која мерката куќен притвор за Асмир Јахоски во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, се преиначува и се определува мерка притвор во траење од 30 дена.
  • ◉ Асмир Јахоски спроведен во Истражниот затвор Скопје, Кривичен му определи 30 дневен притвор во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино
11:06 h 13-Mar-2025
  • Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го разгледа Решението со кое не се прифати предлогот на обвинителството за определување на мерка притвор и на осомничениот Асмир Јахоски му беше определена мерка куќен притвор и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа.
  • ОЈО ГОКК го обжали решението за куќен притвор на Јахоски
19:42 h 12-Mar-2025
  • Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по информациите што се пренесуваат во одредени медиуми, ја информира јавноста дека за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино со сомнителен квалитет, Основниот кривичен суд Скопје ги достави решенијата на судијата на претходна постапка со кои за четворица осомничени е прифатен предлогот на обвинителството и им е определена мерка притвор.
  • Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
16:01 h
  • Сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, од вчера е во куќен притвор откако судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје одлучил да не го прифати предлогот на ОЈО ГОКК за определување на мерка затворски притвор, информираат денеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) со кое раководи Ислам Абази.
  • Обвинителството на Ислам Абази тврди дека не барало куќен туку затворски притвор за сопственикот на „Пуцко петрол“
360stepeni

„…Односно дека истиот со одлука на Основен граѓански суд Скопје е старател на неговите четири деца, од кои три се малолетни, дека има оформени цврсти врски со државата и сопствена фирма со повеќе вработени, како и дека неговата здравствена состојба е нарушена за што доставил документација“, Од ОЈО ГОКК велат дека сите овие околности, како што е истакнато во решението на судијата, одат во прилог на намален ризик од бегство и во насока на оправданост за определување на поблага мерка за обезбедување на присуство.

„Така, судијата на претходна постапка, не прифаќајќи го предлогот на Обвинителството, одлучил на осомничениот да му изрече мерка куќен притвор, а воедно оценил дека се исполнети условите да му биде изречена и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа“, Исто така, посочуваат дека во соработка со Правосудната полиција преземаат дејствија во насока на обезбедување на докази за сопственост на движен и недвижен имот на осомничените со цел нивно обезбедување заради понатамошна евентуална конфискација. 360stepeni

Fokus

Сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, од вчера е во куќен притвор откако судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје одлучил да не го прифати предлогот на ОЈО ГОКК за определување на мерка затворски притвор, информираат денеска од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Оттаму велат дека Основниот кривичен суд Скопје ги доставил решенијата на судијата на претходна постапка со кои за четворица осомничени е прифатен предлогот на обвинителството и им е определена мерка затворски притвор, додека за едно лице осомничено за кривично дело перење пари и други приноси предлогот на Обвинителството за определување на мерка притвор не е прифатен и е определена мерка куќен притвор.

Во образложението на решението, како што додаваат од ОЈО ГОКК, е наведено дека судијата на претходна постапка при донесување на одлуката ги имал предвид околностите истакнати во предлогот на Обвинителството, но во исто време ги имал предвид и субјективните околности што се на страна на осомничениот. Fokus

Civilmedia

Донесеното решение, како што информираат од Кривичен, е доставно до странките во постапката и добиено е известие од надлежната полициска станица дека лицето е обезбедено и спроведено во Истражниот затвор Скопје.

Кривичниот совет, постапувајќи по жалба на ОЈО ГОКК изјавена против решение на судија на претходна постапка против А.Ј., а поврзано со истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ Неготино и одговорот на жалба донесе решение со кое: Мерката куќен притвор, определена со решение на судија на претходна постапка се преиначува и се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165. ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека истиот може да ја попречи истрагата со влијание врз сведоци, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје. Civilmedia

  • Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донесе одлука со која мерката куќен притвор за Асмир Јахоски во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, се преиначува и се определува мерка притвор во траење од 30 дена.
A1on

Во намерата со умисла им помогнале вработени во АД Електрани на Северна Македонија – Скопје, кои се наоѓале на високи позиции од генерален директор и директори на сектори до претседатели и членови на комисии поврзани со јавни набавки, спроведувајќи постапки за јавна набавка на мазут спротивно на Упатството за начинот на спроведување на јавните набавки во АД ЕСМ со што им помогнале да се склучат договори за јавна набавка и испорака на мазут до 24.02.2023 година.

Паричните средства кои осомничените ги прибавиле со кривичното дело, а кои претставуваат противправно остварена имотна корист од спроведена постапка по јавен повик на АД Електрани Северна Македонија – Скопје, во периодот од месец декември 2021 година до месец април 2023 година ги пуштиле во промет, промениле и пренеле на друг со цел да се прикрие изворот на потеклото. A1on