Автомобилот го управувал под дејство на алкохол, односно со 0.80 промили алкохол во крв, но и со брзина на движење од 91 км/ч што е речиси двојно поголема од дозволената“, Оттаму посочуваат дека Јованов, возејќи по булеварот „Партизански одреди“, кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата со улицата „29 Ноември“, продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот кој сигнализирал забрана за минување и со предниот лев дел од возилото кое го управувал, удрил во телото на пешакот Фросина Кулакова која поминувала на обележан пешачки премин и зелено светло за пешаци. 360stepeni