МВР во целост ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите за наводно нарушување на вчерашната акција од страна на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Press24
МВР при вчерашната акција постапуваше по насоки на јавното обвинителство, стои во информацијата од Министерството за внатрешни работи.
Државниот јавен обвинител вчера во телевизиско гостување соопшти дека во тек е акција за приведување на седум нови полициски службеници во врска со пожарот во дискотеката во Кочани во кој загинаа 61 лице, а 193 беа повредени. Telma
Одредените сомневања изнесени во медиумите, дека јавниот обвинител Љупчо Коцевски со изјавите во телевизиско гостување за приведувањето на седуммина полициски службеници во Кочани, ја компромитирал акцијата, денеска од МВР излегоа со деманти. Denesen
Тој, исто така, истакна дека 13 години во Кочани не е извршен никаков инспекциски надзор на објектот.
Од обвинителството кусо соопштија дека во рамки на предистражна постапка МВР постапува на терен во врска со обезбедување на полициски службеници. Skopjeinfo