Поради верскиот празник Велигден и зголемената посета на верските објекти, од денеска попладне ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во централното градско подрачје, но и во општините Аеродром и Ѓорче Петров, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Од 18 часот во центарот на Скопје ќе бидат затворени булеварот ‘Партизански одреди‘, од крстосницата со улицата ‘Франклин Рузвелт‘ до таа со булеварот ‘ВМРО‘, потоа ‘Свети Климент Охридски‘ од крстосницата со булевар ‘Илинден‘ до таа со улицата ‘Димитрие Чуповски‘ и улицата ‘Митрополит Теодосиј Гологанов‘ од крстосницата со улицата ‘9 Мај‘ до кружната крстосница со улицата ‘Свети Кирил и Методиј‘“, На автобусите што минуваат преку мостот „Гоце Делчев“ по потреба ќе им се менува трасата на движење.
По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” утре (19.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” од попладне ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во централното градско подрачје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.