Пожар избил во стан во скопската населба Аеродром, а сопственикот се здобил со изгореници.
На 20.04.2025 во 05.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во зграда на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во стан, сопственост на П.Д.(74). Од пожарот со изгореници се здобил сопственикот и заедно со неговиот син О.Д.(52), поради вдишување на чад, биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.