Во координирана акција помеѓу РЦ за ГР Југ – ОПКМСР, ПС за ГН Михајлово, ОВР Неготино – НК за КР, Оддел за криминалистичка полиција при БЈБ и СВР Скопје, вчера (27.04.) во Неготино беа откриени и запленети 283 килограми тутун, спакуван во пакувања од по 450 грами, и притоа приведени се три лица осомничени за кривично дело по член 278 – б „Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и по член 279 – б „Избегнување на плаќање на Акциза“ согласно КЗ на РСМ. Mk
Од извршениот преглед на возилото управувано од лицето С.Ф. (30) од село Љуботен, скопско, било констатирано дека возилото е натоварено со 29 црни вреќи во кои имало жолти пакувања од 450 грама тутун (вкупно 283 килограм) без никаква документација за потеклото, со што е причинета материјана штета на буџетот во вреднос од 2.704.340,05 денари.
По насоки на надлежен ЈО набргу се приведени и двете лица кои што биле во патничкото возило „ауди А6“, Р.Ф. (37) од село Љуботен скопско и возачот на истото С.А.(41) од Скопје, се појаснува во соопштението. A1on