СВР Битола поднесе кривична пријава против 68-годишната А.П. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против 60-годишната М.Д. од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Првопријавената, како директор на Јавна здравствена установа-Специјализирана болница Отешево, во текот на 2022 и 2023 година склучила три договори на дело со лице од Ресен, од кои, потпишала само два, додека третиот е потпишан од трето лице, за негово работно ангажирање за изведување на градежни активности, но лицето воопшто не било присутно и ангажирано во установата.