72-годишен пешак загина на лице место откако во него удрил мотоцикл на улицата „Шар планина“ во Скопје, а 22-годишниот мотоциклист е приведен и задржан во полициска станица, информира Министерството за внатрешни работи.
Смртоносна сообраќајна несреќа се случи на 30 јуни околу 13:45 часот на улицата „Шар планина“ во Скопје, кога мотоцикл „БМВ“ со бугарски ознаки, управуван од 22-годишниот М.О. од Скопје, удрил во пешакот К.Г. (72), исто така од Скопје.