Министерството за внатрешни работи информира дека по денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презеде соодветни мерки и го расчисти случајот. Libertas
Полицискиот службеник од ПО БПС Прилеп со специјалното возило затекнал непрописно паркирано возило “цитроен” со прилепски регистарски таблички, но пред да го подигне, дошол сопственикот на возилото Н.К. од Прилеп и од страна на полицискиот службеник му е издаден прекршочен платен налог во износ од 40 евра и изготвен бил записник за сторен прекршок по член 66 став 5 од ЗБСП.
Инаку, во текот на денешниот ден министерот за внатрешни работи Тошковски не беше во посета на ОВР Прилеп ниту беше на територија на град Прилеп. Mk