По повеќемесечна предистражна постапка на Основното јавно обвинителство Скопје во соработка со Министерството за внатрешни работи, во која беа применети и посебни истражни мерки, денеска полициски екипи под раководство на јавен обвинител спроведуваат акција и претреси на повеќе локации во Скопје и во Куманово, во рамките на која запленето е поголемо количество амфетамин и уапсени се неколку лица.
Интегрален текст од денешната изјава за медиуми на Соња Тодоровска, Секретар на ОО СДСМ Куманово: СДСМ најостро реагира на скандалозниот чин на Кумановското јавно обвинителство, кое само пет дена пред завршните зборови во судска постапка, без никакво објаснување повлекло обвинение против градоначалникот Максим Димитриевски.
Полицијата уапси кумановец кој бил затекнат како пали сува трева на улицата „Доне Божинов“, соопшти денеска МВР.-Вчера во 21.20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ш.А. (56) од Куманово, затоа што на улицата „Доне Божинов“ во Куманово бил затекнат како пали сува трева.
Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.А. (37) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата“ по чл.354, ст.3, во врска со ст.1 и во врска со чл.45 и „фалсификување или уништување деловни книги“ по чл. 280 ст.2 во врска со ст.1 во врска со чл.45 од КЗ и против Ј.А. (52) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „несовесно работење во службата“ по чл.353-в ст.1 од КЗ. М.А. како службено лице, вработена во јавно претпријатие Куманово, на работно место референт/благајник.