На територијата на државата до 18:00 часот се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни, а 4 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.
На територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари, од кои: 21 се активни и 4 се изгаснати АКТИВНИ ПОЖАРИ: 21 Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Слатин (деградирана дабова шума и грмушки) Општина Македонски Брод – с. Самоков (опожарен лесно запалив материјал) Општина Македонски Брод – с. Рамне (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков) Општина Чашка – под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, каде нема активен пламен, туку чад во карпест дел (шумски пожар) Општина Чучер Сандево – помеѓу селата Блаце и Чучер (мешана шума и ниска вегетација) Општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума) Општина Шуто Оризари – депонија Општина Ѓорче Петров – с. Орман и с. Волково (запалени куќи) Општина Кочани – Осогово (шума) Општина Петровец – с. Кожле (шума) Општина Радишани – сува трева, деградирана вегетација Општина Ѓорче Петров – гробишта зад касарната Општина Ѓорче Петров – стопански двор (ниска вегетација) Општина Гази Баба – Јурумлери (ниска вегетација) Општина Сарај – Семениште (ниска вегетација) Општина Старо Нагоричане – с. Младо Нагоричане и с. Клечовце (нискостеблеста деградирана вегетација) Општина Крива Паланка – населба Лозаново (шума) Општина Тетово – Желино, с. Ларце (ниска вегетација) ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ: 4 Општина Бутел – с. Лубанци (ниска вегетација) Општина Старо Нагоричане – нискостеблеста шума и сува трева Општина Демир Хисар – Ново Село (помошен објект – плевна) Општина Прилеп – с. Веселчани (сува трева) По барање на ЦУК, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај с. Николиќ, во близина на Дојран, заедно со две грчки противпожарни екипи.