Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на подрачје на ЕВР Гази Баба, поточно во близина на месноста Ајватовски рид кај населбата Илинден во 23:40 часот полициски службеници при преглед на три малолетни лица, странски државјани, во ранец пронашле две шишиња со по 1,5 литри бензин, две петарди, запалка и течен лепак, по што истите се лишени од слобода. Lokalno
Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на подрачје на ЕВР Гази Баба, поточно во близина на месноста Ајватовски рид кај населбата Илинден во 23:40 часот полициски службеници при преглед на три малолетни лица, странски државјани, во ранец пронашле две шишиња со по 1,5 литри бензин, две петарди, запалка и течен лепак, по што истите се лишени од слобода.
Во присуство на дежурен тим на Јавна установа центар за социјални работи и адвокат обавен е службен разговор, по што со потврда за предавање на лица истите се предадени на ЈУМЦСР. Sitel
Она што, исто така, е битно да се нагласи е дека вчера со директно вклучени над 170 полициски службеници од неколку полициски станици од општа надлежност, како и над 80 полициски службеници од крим полицијата, СВР СКопје преку координација на Посебен оперативен штаб формиран за таа цел, учествуваше во гаснењето и локализирањето на 28 пожари пријавени на подрачјето на главниот град.
Всушност, освен на подрачјето на надлежност на ПСОН Центар и ПО Арачиново, вчера сите други подрачја на останатите организациони единици при СВР Скопје беа зафатени со пожари. Mk
Практично, вчера Секторот за внатрешни работи Скопје (вклучувајќи ги и Единицата за Интервенции и команда при СВР Скопје и Сектор за известување и координација на состојби при БЈБ) во содејство со Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи, Бригада за противпожарна заштита, Итна медицинска помош, ЈП Водовод и Канализација, ЈП Улици и патишта, постапувајќи во рамките на своите надлежности превзеде низа мерки и активности а учествуваше и во активности за евакуација на жителите кои живеат во близина на опожарените предели, давање помош на БППЗ и на жителите на опожарените предели за локализирање на пожарите во целост.
Така во селото Орман и во Шуто Оризари направена е евакуација на население на потесен периметар од пожарот. Porta