Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот од трагичниот настан што се случи на 12 јули 2025 година во Прилеп, а кој полицијата го води како кривично-правен настан „убиство и самоубиство“.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во куќа во центарот на Прилеп каде беа пронајдени безживотните тела на 11-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години, соопшти Јавното обвинителство.
Панчо Чупаркоски и неговиот 13-годишен син Милан починаа вчера во куќа во Прилеп откако нивниот вујко 63-годишниот Бошко Мајоски ги убил поради наводен спор околу наследство.
На горозоморниот чин што се случи вчера во Прилеп во кои беа убиени Панчо Чупаркоски (43) и неговиот 13-годишен син Милан му претходел повик од Петар Мајоски, вујко на сега убиениот Панчо да дојде во неговата куќа.