Во врска со кривично правниот настан -Убиство и самоубиство, случен на 12.07.2025 година во Прилеп, според првичните сознанијата со кои во моментот располага СВР Битола-ОВР Прилеп се следните: на 12.07.2025 година околу 15:00 часот П.Ѓ.(62) од Прилеп телефонски му се јавил на неговиот внук од сестра П.Ч.(43) од Прилеп, при што истиот го поканил да оди во неговиот дом во Прилеп, но инсистирал со себе да го поведи и неговиот малолетен 13 – годишен син, односно внук од сестра на П.Ѓ. Според првичните сознанија, П.Ч. по поканата од неговиот вујко го зел со себе малолетниот син, по што и кажал на неговата сопруга К.Ч. (43) дека неговиот вујко инсистира да оди во негова посета заедно со неговиот син, при што истите заминале . Според првичните информации и сознанија од очевидци кои ги има ОВР Прилеп во околу 15:30 -16:00 часот во непосредна близина на куќата на сега починатиот П.Ѓ. се слушаат истрели од огнено оружје, (најверојатно тоа бил моментот на убиството во кое П.Ѓ. ги застрелува внукот и неговиот малолетен син) но, до тој момент нема никаква пријава во ОВР Прилеп за било какво пукање на подрачјето на Прилеп.

На горозоморниот чин што се случи вчера во Прилеп во кои беа убиени Панчо Чупаркоски (43) и неговиот 12-годишен син Милан му претходел повик од Петар Мајоски, вујко на сега убиениот Панчо да дојде во неговата куќа.