Покрај Палевски, обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Kajgana
Првообвинетиот Љупчо Палевски, за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, денеска, во Основниот кривичен суд се произнесе дека не се чувствува виновен и дека Основното јавно обвинителство извршува политичка наредба. Civilmedia
Почна судскиот процес за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски во Основниот кривичен суд Скопје.
На обвинителна клупа седнаа првоосомничениот Љупчо Палевски, како и Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Faktor
Обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски седнаа на обвинителна клупа. Libertas
Љупчо Палевски – Палчо, првообвинетиот во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на рочиштетот денеска кажа дека ќе се откаже од тоа мајката на Вања, Зорица да сведочи. Fokus
Јас загинав на 27-ми. Тоа што остана е ехо од човек од мене, чувствувам болка која не може да се објасни.
Чувствувам и обврска кон Вања. Libertas
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски.
Во судницата се спроведени првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо заедно со обвинетите Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски. Fokus
„Сите докази на обвинителството се од лажен исказ на еден од обвинетите кој сака да избегне доживотен затвор“, рече Палевски, алудирајќи всушност на Влатко Кешишев кој како што пишуваше КОД е тој што прв ќе биде фатен од полицијата, ќе раскаже се и ќе ја однесе до другите обвинети.
Палевски се стави и во одбрана на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и тврди дека воопшто не го познава и нема докази дека биле во комуникација, туку е искористен за да се направи лажен мотив. Telma
Грабнувањето било извршено во понеделникот на 27 ноември, откако таткото му јавил на Палчо дека Вања ќе оди сама, а оваа информација ја знаел само тој.
Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев со колата на претходно убиениот Панче Жежовски дошле пред зградата на Вања. Republika
Првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо кажа дека поради ова нема да ја повика мајката на Вања да сведочи за да не се вознемирува.
Судскиот процес за убиството на Вања и велешанецот Панче Жежовски почна денеска со воведни зборови на обвинителството. Fokus
Првообвинетиот, Љупчо Палевски, изјави и дека ова бил политички монтиран процес.
Обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска рече дека обвинетите Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев ги планирале убиствата и на свиреп начин ги извршиле убиствата на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче, а таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, им помогнал во грабнувањето на сопственото дете. Nezavisen
Не е прифатен предлогот за исклучување на јавноста од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Судот го одби барањето од мајката и сестрата на Вања за исклучување на јавноста. Mk
Не бил присутен на тие места, не го организирал и не го извршил убиството на Вања – рече адвокатот на Палевски.
Адвокатите на другите тројца обвинети, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев во воведните говори рекоа дека ќе докажат дека нивните клинети не се изврштители на двојното убиство и дека нема докази против нив за делото за кое се товарат. Plusinfo
„Не се чувствувам виновен за кривичното дело“, рече Боре Видевски.
Одбарана ќе дава и Влатко Кешишев. Press24
Денес во судницата на рочиштето за двојното убиство на Вања и Панче, првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо изјави дека „родителот на Вања, Александар е наместен од полицијата и дека не го познава“. Mk
Обвинителите го нарекоа процесот еден од најтешките кривични настани во нашата земја.
На товар на обвинетите се две убиства и две грабнувања, што довело до смрт на Вања и на Панче. Press24
Обвинетите за двојното грабнување и двојното убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски не се чувствуваат виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар. Telma
Според обвинението, Палевски, Манев, Кешишов и Видевски го испланирале грабнувањето на Вања за да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.
Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, е обвинет дека им дал на останатите обвинети информации за движењето на неговата ќерка. Mk