Поради судир на две товарни возила на патниот правец Куманово - Крива Паланка, кај населеното место Стамболов, во целосен прекин е сообраќајот на магистралата А2. Од Министерството за внатрешни работи, Сектор за внатрешни работи Куманово потврдија дека поради сообраќајка што настанала нешто по десет часот утрово сообраќајот во двата правци е во прекин. Kanal5
Сообраќајка на патот Крива Паланка – Куманово, патот е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ.
„Од 10:30 ч. сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, кај м.в.„Миоли“, е во прекин во двата правци за сите видови возила, поради сообраќајна незгода, стои во соопштението од АМСМ. Republika
Сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка е нормализиран, по прекинот од речиси седум часа, поради сообраќајка помеѓу две товарни возила кај населеното место Стамболици, во атарот на село Конопница, кривопаланечко.
Од околу 10 часот изутрината сообраќајот беше во целосен прекин, а од Министерството за внатрешни работи, Сектор за внатрешни работи Куманово потврдија дека станува збор за товарни возила со приклучни приколки. Slobodenpecat