Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер во Охрид присуствуваше на комеморацијата и изрази сочувство по повод смртта на Алекс Салмонд, поранешен прв министер на Шкотска. Plusinfo
Поранешниот премиер и прв министер на Шкотска Алекс Салмонд почина на 69-годишна возраст денеска во Охрид. Mk
„За жал, Алекс Салмонд, поранешниот прв министер на Шкотска кој беше еден од панелистите на вчерашниот форум за културна дипломатија што се одржа во Охрид, денеска ненадејно почина“, Оттаму за државната новинска агенција МИА информираат дека вечерва ќе се одржи комеморација, на која свои обраќања ќе имаат Иванов, заменик-генералниот секретар на Обединетите нации и висок претставник на Алијансата на цивилизациите на ОН, Мигел Анхел Моратинос и дел од другите учесници на форумот.
На комеморацијата, како што наведува агенцијата, ќе присуствува и претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова. 360stepeni
Како што дознава неофицијално 4NEWS.mk срцев удар е причината за ненадејната смрт на познатиот политичар.
Утрово се огласи и кралот кој изјави дека е многу тажен поради ненадејната смрт на Алекс Салмонд, првиот прв министер на СНП на Шкотска. Libertas