Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер во Охрид присуствуваше на комеморацијата и изрази сочувство по повод смртта на Алекс Салмонд, поранешен прв министер на Шкотска.
„Искрено сочувство по повод смртта на поранешниот прв министер на Шкотска Алекс Салмонд кој вчера почина во Охрид за време на Вториот Форум за културна дипломатија што се одржа во ко-организација на Кабинетот на поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов, заедно со Институтот за културна дипломатија од Берлин, Градот Скопје и Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“. Press24
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер во Охрид присуствуваше на комеморацијата и изрази сочувство по повод смртта на Алекс Салмонд, поранешен прв министер на Шкотска. Plusinfo
Алекс Салмонд (69) поранешниот премиер на Шкотска почина попладневно за време на ручекот на конференцијата што се одржува во хотелот Инекс Горица во Охрид. Nezavisen
Се претпоставува дека причината за смртта била срцев удар.
Обидите на медицинската екипа на Брзата помош на Охрид за реанимација беа безуспешни. Netpress
„За жал, Алекс Салмонд, поранешниот прв министер на Шкотска кој беше еден од панелистите на вчерашниот форум за културна дипломатија што се одржа во Охрид, денеска ненадејно почина“, Оттаму за државната новинска агенција МИА информираат дека вечерва ќе се одржи комеморација, на која свои обраќања ќе имаат Иванов, заменик-генералниот секретар на Обединетите нации и висок претставник на Алијансата на цивилизациите на ОН, Мигел Анхел Моратинос и дел од другите учесници на форумот.
На комеморацијата, како што наведува агенцијата, ќе присуствува и претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова. 360stepeni