По добиениот извештај од извршен надзор над стручната работа на Универзитетската клиника за детски болести, Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле, Скопје, подготвен од страна на Комисија за стручен надзор на министерот за здравство, а во врска со лекувањето и третманот на починатото дете Р. С., Комисијата за етички и правни прашања при Лекарска комора, вчера одржа седница и заклучи дека најголем дел од пропустите нотирани во извештајот се системски пропусти во овие здравствени установи, информираат од Лекарската комора.
„Лекарска комора, на 16.10.2024 година, во попладневните часови од Министерството за здравство го доби „Извештајот од извршен надзор над стручната работа на Универзитетската клиника за детски болести, Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле, Скопје“, подготвен од страна на Комисија за стручен надзор формирана од Министерот за здравство, а во врска со лекувањето и третманот на починатото дете Р. С. Комисијата за етички и правни прашања при Лекарска комора, утредента, на 17.10.2024 г. одржа седница на која го разгледа овој извештај и во однос на наодите Комората го дава следното мислење: Комисијата за етички и правни прашања нема законски ингеренции да ја преиспитува работата на Комисијата за стручен надзор формирана од страна на Министерството за здравство, ниту самоиницијативно да утврдува мерки, особено затоа што не располага со медицинската документација врз основа на која извештајот е изготвен. Skopjeinfo