Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
8
10.64
16.24
1.51/0.48
8.00
2.82
0.35
644.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 8
8 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 440.6
Best clustering variants
8 0.99/0.01 2 440.6
Mk

Под раководство на предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, вчера во попладневните и вечерните часови се спроведе голема полициска акција под кодно име ПРЕМИН.

Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка што обвинителството во соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР ја спроведуваше по доставена пријава од граѓанин против три лица. Mk

  • Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, под раководство на предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, вчера во попладневните и вечерните часови спроведоа голема полициска акција под кодно име „Премин“.
Skopjeinfo

Според диспозитивот од кривичната пријава против 15 лица што Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР ја достави до ОЈО ГОКК, произлегува дека 13 од осомничените лица како вработени во Царинската управа на РСМ, а распоредени во Царинските испостави Ново Село и Дојран сториле кривично дело Примање поткуп по член 357 став 1 од КЗ, додека две лица се пријавени за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од КЗ. Осомничените во временскиот период започнувајќи од 21.03.2023 година, па сѐ до вчера - 15.10.2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.

Тие искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, при вршење на царински прегледи на стоката што се увезувала во државата преку граничните премини, од превозниците на стоката директно барале и примале парични средства за себе во износи од по 20, 50, 70, 100 и 150 евра, за да не извршат службено дејствие што би морало да го извршат. Skopjeinfo

Press24

Откако ќе го примеле поткупот, што потоа го делеле меѓу себе, осомничените не ја вршеле својата службена должност и не правеле пресметка и наплата на увозните давачки, согласно Законот за царинската управа, Уредбата за спроведување на царинскиот закон и Законот за царинската тарифа.

Така, увезената стока ја пуштале во слободен промет, со намера за себе и превозниците да прибават имотна корист, а на штета на средствата на Буџетот на РСМ во висина од ненаплатените царински увозни давачки. Press24

  • Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, под раководство на предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, вчера во попладневните и вечерните часови спроведоа голема полициска акција под кодно име „Премин“.