Тетовската полиција привела четириесет и петгодишен маж кој ја нападнал партнерката во угостителскиот објект каде што работела.
Вчера во 20:25 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(45) од Тетово, кој околу 19:30 часот бил пријавен од А.М.(46) од Гостивар со која живееле во вонбрачна заедница, дека во угостителски објект во Тетово каде што таа работела, истиот физички ја нападнал“, информираат од СВР Тетово. Republika