Основниот суд Куманово, по предлог на обвинителството, определи притвор во траење од 30 дена на градежна инспекторка која вчера беше уапсена при примање мито, соопшти денеска ЈОРСМ.
Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишна осомничена, за која постои основано сомнение дека во својство на службено лице, градежен инспектор сторила кривично дело „Примање поткуп од член 357 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик“. Telma