Во Дортмунд, Германија, 30-годишна жена била брутално убиена од својот поранешен партнер, македонски државјанин, кој ја нападнал со месарски нож во присуство на нејзините три деца, соопштува германскиот весник Билд.
Според информациите, жената планирала да се раздели од насилниот партнер и да започне нов живот.