Во текот на изминатите денови царински службеници спречиле обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока, кабли за електрична инсталација и друга стока, а до едно лице е поведена и прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки коишто се плаќаат при увоз на возило.
Царинските службеници деновиве биле со полни раце работа.