Вчера околу 13.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на место викано „Ѓаволски мост“ на планината Беласица, А..Ѓ.(33) од Струмица, управувајќи велосипед, се излизгал и паднал во провалија.
Тим од четворица струмички пожарникари со теренско возило транспортираа повреден велосипедист од планината Беласица, кој претпладнево излетал во провалија на планината Беласица, на местото „Ѓаволски мост“, соопштија попладнево од ТППЕ Струмица.