Експлозија се случи денеска околу 9:30 часот во Скопје, при што едно лице е повредено.
Според неофицијални информации, цел на нападот со рачна бомба бил Раде Трајковски-Штекли, кој во моментов е на операција во Градската болница во Скопје. Alsat
Бомбата која утрово експлодираше во двор во скопската населба Ќерамидница предизвика сериозна вознемиреност.
Штекли беше пренесен во болница и е вон животна опасност. Plusinfo
Штекли и овојпат за влакно се спаси, од болницата информираат дека не е во животозагрозувачка состојба.
Штекли беше на мета и лани во септември, кога во гаражата на Ист Гејт беше пукано во него. Sitel