Полицијата вчера, околу 16:40 часот, на граничниот премин „Јажинце“ спречила шверц на пратка со пиротехнички средства (огномети, петарди, ракети и слично). Како што информира денеска МВР, при проверка на патничко моторно возило „тигуан“ со тетовски регистарски таблички, управувано од З.С. од Тетово, во багажниот простор биле пронајдени повеќе пакети во кои имало 3312 парчиња пиротехнички средства.
Вчера (12.11.) околу 16.40 часот, полициски службеници од ПС за ГН при Граничниот премин Јажинце, на овој граничен премин, при влез во РСМ спречија шверц на пратка со пиротехнички средства (огномети, петарди, ракети и слично). Имено, при проверка на патничко моторно возило „тигуан“ со тетовски регистарски таблички, управувано од З.С. од Тетово, во багажниот простор биле пронајдени повеќе пакети во кои имало 3312 парчиња пиротехнички средства.