Приведен Т.К.(54) од с. Дедино, општина Конче, под сомнение дека, при лов на дивеч, со ловна пушка го застрелал И.К.(31), кој починал на самото место. Nezavisen
Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во содејство со СВР- Штип го лишија од слобода Т.К. (54) од с .Дедино, општина Конче и против него се поднесени кривични пријави поради основано сомнение за сторени кривични дела „убиство од небрежност“, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „незаконит лов“.
На 04.11.2024, Т.К., заедно со И.К.(31) од с .Дедино, општина Конче, со цел да вршат незаконит лов на дивеч се упатиле кон селата Лесковица и Пиперово, при што приведениот со ловна пушка која ја поседувал без дозвола од поголема далечина го застрелал И.К., кој починал на местото на настанот, изјави Гоце Андреевски, Началник на сектор за односи со јавноста. Sitel