Пожарот бил пријавен половина час пред полноќ, а 11 пожарникари со четири противпожарни возила го гаснеле до 2:45 часот Во пожар во куќа во тетовското село Стримница, во Општина Желино, вчера изгорело едно 90-годишно лице, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарот бил пријавен половина час пред полноќ, а 11 пожарникари со четири противпожарни возила го гаснеле до 2:45 часот.
Регионалниот ЦУК Тетово, ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово дека во период од 23.34 до 02.45 часот после полноќ со 11 пожарникари и четири противпожарни возила гаснеле запалена куќа во село Стримница, општина Желино.