Лицето кое беше пријавено како изгубено над Галичките терени во Маврово е пронајдено и е во добра општа состојба, известува Регионалниот Центар за Управување со Кризи (ЦУК) Тетово.
Центарот за управување со кризи утрово информира дека вчера (17 ноември) регионалниот ЦУК Тетово, известил дека во 17.58 часот на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 е добиена пријава за изгубено лице над Галичките терени во Маврово (Општина Маврово – Ростуше). „Од страна на РЦУК Тетово веднаш е остварен контакт со пријавителката како и со ПС Маврово од каде добиле информација дека екипи од ПС Маврово, ПС Ростуше и од Национален парк „Маврово“ се упатени на терен, односно на локацијата каде што е евидентиран последниот телефонски повик од изгубеното лице.“, соопшти ЦУК.