90 годишен жител на Стримница, село од опжтина Желино, изгорел во сопствената куќа, додека противпожарните екипи се обидувале да му го спасат животот.
„Регионалниот Центар за управување со кризи - Тетово, ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово дека во период од 23.34 до 02.45 часот после полноќ со 11 пожарникари и 4 противпожарни возила гаснеле запалена куќа во село Стримница (Општина Желино). Уште во текот на интервенцијата од ПС Групчин, конкретно во 00:19 часот дежурните известиле дека во пожарот машкото лице на 90 годишна возраст го загубило животот во големиот пожар. Faktor