Вчера во 12: 30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.Б.(20) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 12.00 часот физички го нападнал Т.В.(60) од Куманово додека бил на работното место како испитувач во сообраќајниот испитен центар во Куманово, информираше СВР Куманово. Sitel
Утрово околу 05.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово - Крива Паланка, во местото викано Ливаде, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(26) од Ранковце и патничко возило „фолксваген туран“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.К.(39) од Куманово. Press24