Ве замолуваме да се воздржите од ширење на дезинформации по овој случај со цел да се заштитат учениците вклучени во инцидентот, нивните семејства и другите ученици од одделенската заедница, а истовремено да се спречат несоодветни реакции од страна на потесната и пошироката јавност, апелира в.д директорката Коруновска Таа информира дека во ООУ „Блаже Конески“ – Велес, на 20.11.2024 година пред почетокот на вториот час за време на малиот одмор се случи немил инцидент помеѓу двајца ученици од предметна настава.