Мухамед Љамалари, првоосомничениот за рушењето на заштитениот објект хотел „Шар Ан“ во скопската чаршија, денеска околу 13 часот бил уаспен во хотел на Бит Пазар, . „Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода М.Љ.(42) од Скопје, кој бил баран по централна потерница по судска наредба за издржување мерка притвор за сторени кривични дела по член 394 , член 353 и член 264 од Кривичниот законик“, соопштиле од МВР.
Првоосомничениот за рушењето на заштитениот објект „Хотел Шар Ан“ во скопската чаршија, Мухамед Љамалари падна во рацете на полицијата, пренесува Курир.