Од Јавното обвинителство информираат дека при претрес врз основа на судска наредба, полицијата во домот и во уште една куќа на осомничениот, пронашла ловна пушка (карабин), 14 парчиња муниција за карабин, дробилка, два оптички нишани, поголема количина на куршуми, чаури и проектили од куршуми од разни калибри, една кеса со барут, една шок бомба, една воздушна пушка „гамо“ со вградена оптика, пиштол „глок“ калибар 9 мм, две рамки со по 10 куршуми и други предмети за кои немал дозвола за поседување.
Претходно, за истиот случај, МВР информираше дека вчера, во 16.45 часот, полициски службеници од Тетово го лишиле од слобода Љ.П.(51) од с. Непроштено, во чиј дом и помошните простории, како и во уште една куќа во селото која е во негова сопственост, нашле оружје и муниција. Nezavisen
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 од Кривичниот законик.
Осомничениот, 51-годишник од Непроштено, вработен како виш оперативен работник во МВР, во домот и во уште една куќа во негова сопственост неовластено чувал огнено оружје, муниција и експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети. Mk