Дебарско кичевскиот митрополит Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник, одлучи Синодот на МПЦ-ОА. Ополето ќе биде во црквата Света Софија истиот ден, со заупокоената Литургија ќе служи Архиепископот Стефан во сослужение со надлежните епархиски архиереи и претставниц на други помесни цркви.
Погребот на владиката Тимотеј, кој почина вчера ќе биде извршен в четврток на 28 ноември во Плаошкиот манастир во Охрид, во епархијата со која раководеше повеќе од 40 години, Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА). Телото на Митрополитото Тимотеј ќе почива во епархијата со која раководеше во кругот на Свети Климентовиот храм на Плаошник.
Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошкиот манастир во Охрид, одлучи Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква.
Ја информираме јавноста и верниот народ дека денес, понеделник, 25 ноември 2024 година, по кратко боледување, се упокои во Господа Неговото Високопреосвештенство, митрополит Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски Тимотеј.