Прашан дали неговиот денешен исказ соодветствува со исказот даден во Обвинителството, особено во делот со забележаните силуети, одговори дека не е сигурен.
На дополнителни прашања од обвинителството, сведокот одговори дека возилото Цитроен на 27 ноември е следено по барање на началникот на СВР Велес. Nezavisen
Досега, на изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“.
Беше сослушано семејството на таткото на Вања, како и повеќе познаници на обвинетиот Палчо. Republika
На судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска сведочеа службени лица кои биле назначени да го спроведат обвинетиот Велибор Манев до местото каде што било закопано телото на Жежовски. Faktor
Еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Влатко Кешишев, на денешното судење побара збор и истакна дека писмото кое претходно го предал на судијата, дека Љупчо Палевски Палчо, не бил присутен при убиствата не е негово, односно напишаното не е вистина. Libertas
На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеа припадници на интервентната полиција при СВР Скопје. Fokus
На денешното судење за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеше Мирче Мирчевски, вработен во Министерството за внатрешни работи во одделот „Безбеден град“ („Safe city“). Тој изјави дека на 27 ноември, денот на исчезнувањето на Вања, вршеле пребарување на подрачје на град Скопје. Republika
Тој дополни дека додека колегите од СВР Велес копале, Манев стоел до нив, но не зборувал.
Ниту на враќање до Скопје не правеле муабет. Fokus