Изјавата не е моја, ми беше дадено ливче да биде напишано со мој ракопис и да ви го дадам, изјави обвинетиот Влатко Кешишов на денешното судење во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во врска со изјавата во која тој наведува дека Палчо нема врска со убиството. A1on
Денеска Кешишов излезе со нова верзија.
„Изјавата не е моја”, Тој појасни дека Палевски во комбето на затворската полиција му дал ливче со напишана изјава и му кажал да ја препише со свој ракопис и да ја поднесе до судот. 360stepeni
Изјавата што ја доставив до судот не е моја.
При транспорт Љупчо Палевски Палчо ми даде ливче напишано со тоа, јас да го напишам со мој ракопис и да го доставам. Kanal5
Адвокатот на Влатко Кешишев денеска побара појаснување за изјавата што обвинетиот Кешишев ја достави до судот на претходното рочиште.
Денеска Кешишев рече дека првообвинетиот Љупчо Палевски му ја дал изјавата додека биле сами во полициско возило и му рекол да ја препише и да ја потпише. Plusinfo
Во врска со тоа што на двапати Манев и Кешишов биле спроведувани од и во затворот заедно, судијата на крајот од денешното рочиште и наредил на затворската полиција спроводот да го врши со четири комбиња, односно секој од обвинетите да биде посебно спроведен.
На претходното рочиште судијата Ивица Стефановски извести дека обвинетиот Влатко Кешишов поднел писмена изјава доставена од затвор во која вели дека Љупчо Палевски-Палчо на 22 и 27 ноември лани не бил со него, со Велибор Манев и со Боре Видевски кога биле грабнати и убиени Вања и Панче и дека спиел во штабот на партијата Десна. 360stepeni
„Писмото што стигна до судот не е моја изјава, тоа ми беше дадено само јас да го препишам со мој ракопис“, рече Влатко Кекишев на крајот од денешното судење.
На прашање од судијата, кој и кога му го дал писмото, Кекишев одговори: „Палчо ми го даде додека се возевме заедно од затворот до судот“. Mk
При транспортот во судот Палчо ми даде ливче, бидејќи бевме сами назад, на два пати нѐ пренесуваа сами, изјави Кешишев, откако неговиот адвокат побара тој да се произнесе по однос на изјавата која беше доставена на изминатото рочиште до судот во која стоеше дека обвинетитот Кешишов вели дека Палчо нема врска со убиството, туку дела тоа го сториле останатите тројца обвинети.
На прашање од Судот од кого се плаши, обвинетиот со одговор „воопшто“. Republika