Денеска продолжи судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, и беа сослушани сведоци од МВР кои работеле на случајот, но покрај нив и еден од осомничените, Влатко Кешишев, побара збор и истакна дека писмото кое на претходното судење го предал на судијата, а во кое изјавува дека Љупчо Палевски Палчо, не бил присутен при убиствата, не е негово, односно напишаното не е вистина.