Фондот за здравствено осигурување на Македонија има сознанија дека се појавија лажни пораки кои им се праќаат на граѓани по електронски пат, на е-меил, а како да е од ФЗО.
Во лажните пораки, кои не се испратени од е-меилот на ФЗО, им се укажува на граѓаните дека наводно системот со управување на трансакции на Фондот препознава дека треба да добијат исплата за рефундација на средства по што треба да кликнат на одреден линк, велат од Фондот. Republika
Граѓани добиле лажни е-маил пораки во име на Фондот за здравствено осигурување, од ФЗО апелираат да не се наседнува на лажните пораки, за да не бидат злоупотребени лични податоци и трансакциски сметки.
Фондот за здравствено осигурување на Македонија има сознанија дека се појавија лажни пораки што им се праќаат на граѓани по електронски пат, на е-меил, а како да е од ФЗО. Kanal5