Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
4
15.97
14.14
0.08/0.27
4.00
1.84
0.46
321.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 4
5 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 141.0
Best clustering variants
5 0.99/0.01 2 141.0
Mk

Според описот содржан во диспозитивот на наредбата прво и второосомниченото лице како соизвршители во четиригодишен временски период од 01.01.2020 година до вчера, заеднички и по претходен договор, спротивно на одредбите од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во нивната семејна куќа во Штип, недозволено преку глобална интернет мрежа, организирале и приредувале интернет игри на среќа, со што сториле кривично дело Приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган од чл.156 ст.3 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри во врска со член 22 од КЗ. Двајцата сопружници откако обезбедиле средства и компјутерска опрема, ангажирале лица кои првоосомничената ги обучила за користење на платформа за опслужување на заинтересирани клиенти, а второосомничениот им давал совети и обезбедувал електронска опрема, телефонски мобилни уреди и СИМ картички за вработените со што дал особен придонес во незаконските дејствија.

Со клиентите, кои морало да бидат турски државјани, комуницирале преку апликациите за контакт Skype и Whatsapp нудејќи им поволности за обложување и игри на среќа, за што според првичните сознанија осомничените добивале одреден процент во криптовалути на “Електронски паричник“ сопственост на првоосомничената. Mk