Единицата за финансиски истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на МВР во координација со истражителите од истражниот центар на Основното јавно обвинителство за ГОКК вчера (27.11.), поради постоење на основани сомненија за сторени кривични дела до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против четири лица и тоа: Ф.Д. (41) и Е.Д. (43) од Штип за сторено кривично дела по член 156 став 3 од Законот за игри на среќа и за забавни игри а во врска со член 22 од КЗ, и по член 273 од КЗ („перење пари и други приноси од казниво дело“), како и против лицата Е.Д.(19) и Ф.Р (34) исто така од Штип, по член 273 став 4 во врска со став 1 и 2 од КЗ. Како што додаваат од МВР, во рамки на вчерашните активности на Единицата, во содејство со ОЈО ГОКК, беа преземени и заокружени сите неопходни оперативни мерки за целосно документирање на случајот, при што беа обезбедени бројни материјални докази, а извршени се и претреси кај осомничените, и притоа беа пронајдени и одземени златен накит, четири луксузни патнички моторни возила, пет моторцикли и еден четирицикл.
Единицата за финансиски истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на МВР во координација со истражителите од истражниот центар на Основното јавно обвинителство за ГОКК вчера поради постоење основани сомненија за сторени кривични дела до ОЈО ГОКК поднела кривична пријава против четири лица и тоа: Ф.Д. (41) и Е.Д. (43) од Штип за сторено кривично дела по член 156 став 3 од Законот за игри на среќа и за забавни игри а во врска со член 22 од КЗ, и по член 273 од КЗ („перење пари и други приноси од казниво дело“), како и против лицата Е.Д.(19) и Ф.Р (34) исто така од Штип, по член 273 став 4 во врска со став 1 и 2 од КЗ. Во рамки на вчерашните активности на Единицата, во содејство со ОЈО ГОКК, соопштија денеска од МВР, биле преземени и заокружени сите неопходни оперативни мерки за целосно документирање на случајот, при што биле обезбедени бројни материјални докази.