Кумановската полиција привела дваесетгодишен жител на Липково поради непочитување на наредби, изрекла 20 мерки по Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и една од Закон за возачка дозвола, во текот на вчерашниот ден при прославата на Денот на албанското знаме, соопшти денеска СВР Куманово.
Шест возила биле оштетени за време на прославата во центарот на Куманово по повод Денот на албанското знаме, а едно лице е приведено.