Сакам да упатам порака до сите што сакаат да предизвикаат дестабилизација на Македонија, да им порачам дека полицијата ќе одговори соодветно на сите предизвици, времето на крив е пајакот или кабелот е поминато.
Македонската полиција веќе реагираше по вчерашните инциденти за време на прославата на Денот на албанското знаме, кога беше уништено македонското знаме, истакна на прес конференција министерот Панче Тошковски. Kanal5
Осум лица се уапсени и денеска, по насока на јавен обвинител, ќе бидат изведени пред судовите, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во врска со вчерашните инциденти во Скопје, кога при прославата на Денот на албанското знаме, групи млади лица го запалија и го газеа македонското знаме. Plusinfo