Претседателот на Собранието – Африм Гаши ги осуди постапките поврзани со вчерашните настани кога, како што рече, беа палени и газени државни знамиња и напомена дека тоа е во спротивност со државните и националните интереси на секоја етничка заедница.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека законодавниот дом е подготвен да ја почне процедурата за донесување на уставните измени, доколку, како што рече, има политички договор.
Јавноста ги знае ставовите на политичкото мнозинство во државата.
Во врска со последните настани, претседателот на Собранието, Африм Гаши, најостро го осудува секој чин на дивеење, без разлика на причината или основата што се користи за негово оправдување.